ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што СДС признава дека економијата заживува

Од:

Добро е СДС уште еднаш призна дека по економскиот пустош кои тие го оставиле, македонската економија бележи раст. По слободниот пад на економијата кои тие го оставија, за не цела година власт на ВМРО-ДПМНЕ, се вратија позитивните трендови на раст на БДП, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Трето тримесечје по ред, Македонија бележи раст на БДП за 3 или над 3%. Имајќи предвид каква економска состојба беше наследена, ова е повеќе од добар резултат којшто ги поставува основите за понатамошен раст и развој на економијата. Да и ние, до некаде, ќе се согласиме дека потребен е поголем раст и за таа цел Владата посветено работи, проекти и применува мерки и политики со кои ќе постигне планираниот раст на БДП за годинава од 3,7%. А, целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е во наредните години растот на економијата да достигне и да надмине 4% раст на БДП.

Кога СДС, исто така, зборува и лие крокодилски солзи за инфлацијата, која постепено и таа се намалува и се става под контрола, ако заборавиле, ги потсетуваме дека за време на нивното владеење инфлацијата, која го јадеше стандардот на граѓаните, беше двоцифрена. Добро е што СДС со своите прес-конференции признава дека добро осмислените економските политики и мерки преземени и имплементирани од страна на Владата, даваат резултати. Дека полека заживува економијата која тие ја оставија опустошена, дека расте БДП и се намалува инфлацијата, која во време на нивно владеење беше двоцифрена“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра