Австриски медиуми: Убиецот од Грац оружјето го купил пред масакрот

Од:

Десет лица беа убиени во пукотница во училиште во Грац, од кои осум беа деца. Напаѓачот е меѓу жртвите, а се верува дека извршил самоубиство во училишниот тоалет. Австрискиот „Хојте“ пишува дека убиецот купил оружје непосредно пред масакрот.

Пукањето во училиштето во Грац ја шокираше Европа. 22-годишен поранешен ученик на училиште во Грац отвори оган околу 10 часот наутро и уби девет лица, од кои осум беа деца. Според австрискиот „Хојте“, напаѓачот имал пушка и пиштол „Глок“, за кои имал законска дозвола и го купил оружјето непосредно пред масакрот.

Полицијата објави дека сторителот, кој, според „Салцбургер Нахрихтен“, го напуштил училиштето пред две години, немал претходни осуди и се сметал за незабележителен. Речиси и да нема трага од него на социјалните мрежи. Сега е познато дека наводно бил подложен на малтретирање во училиште во минатото.

Дали ова било повод за злосторството е сè уште нејасно и е предмет на истрага. 22-годишникот легално купил пиштол „Глок“ само неколку дена пред злосторството. Второто оружје, пушката, исто така, наводно била во негова легална сопственост.

Ова било можно бидејќи тој бил возрасен и немал криминално досие. Гласините за можен втор сторител се покажаа како неосновани. Полицијата во вторник попладне потврди дека осомничениот дејствувал сам. Властите сè уште не го објавиле идентитетот на напаѓачот.

Би можело да ве интересира

Кривични пријави и притвор за престрелката во Тетово, двајца се во бегство

Катерина Ѓуровски

Три лица убиени во пукотница во Остин, осомничениот е уапсен

Двајца малолетници и две жени се уапсени за убиството во Тетово

Горан Наумовски

(ВИДЕО) На ватерполо натпреварот Кина-Канада одекнаа два истрели, мечот времено беше прекинат

Две лица се убиени, а едно е рането во пукотница во Босански Шамац

Во Будва е ранет Марко Љубиша Кан, висок „функционер“ на Скаљарскиот клан