Кремљ: Европејците илузорно трошат пари, Русија ќе продолжи да распоредува ракети

Од:

Европејците трошат пари за ублажување на илузорна закана што наводно доаѓа од Руската Федерација, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во врска со предлогот за зголемување на трошоците за одбрана во рамките на НАТО, пренесува РИА Новости.

„Европските даночни обврзници ги трошат своите пари за ублажување на заканата што, како што велат, доаѓа од нашата земја. Сепак, ова не е ништо повеќе од илузорна закана. Ако владите на европските земји-членки на НАТО сакаат да го сторат ова со парите на своите даночни обврзници, нека го сторат тоа“, рече Песков.

Портпаролот на Кремљ нагласи дека Русија нема да се двоуми да распореди ракети со среден и краток дострел како одговор на акциите на НАТО.

Би можело да ве интересира

Руски воен брод пукаше кон јахта во Ламанш

Војниците го одлучуваат исходот во Украина

Горан Наумовски

Дипломатскиот фокус на САД сега се префрла на војната во Украина

Дрон предизвика пожар во складиште за нафта во Русија

Лавров: Немам илузии дека Европа во сегашната конфигурација може да направи нешто корисно

ВИДЕО: Се урна руски бомбардер Ту-22М3 по нападот врз Украина