(ВИДЕО) Крстевска: Ќе има ли одговорност за УМС за пиротехниката или тие се над законот?

Од:

Социјалдемократската младина на Македонија со згрозеност реагира на скандалозната и срамна прослава на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Додека родителите и семејствата се уште тагуваат за смртта на 62 деца, додека над 200 млади се борат со последиците од повредите, додека цела држава бара одговорност, помош и поддршка. Скандал е да се прави журка додека Македонија се уште тагува. Скандал е да му се аплаудира на Мицкоски за говор полн со омраза кон семејствата на повредените и загинатите во трагедијата во Кочани, изјави Марта Крстеска од Социјалдемократска младина на Македонија.

– Скандал да се пали пиротехника, која што е забранета, но беше и причина за пожарот и големата трагедијата во Кочани. Мицкоски ги третира младите како реквизити, како инструмент за неговите политички хирови. Ги користи младите за негово шоу, за манипулација. За да му аплаудираат додека го истура гневот кон семејствата кои загубија деца.

Ова е дрскост, бесчувствителност и целосна деградација на младите. Бидејќи употребата на пиротехника е и законски забранета и казнива бараме МВР да постапи без одлагање – кој одобрил, кој набавил, кој наредил употреба на пиротехнички средства? Ги повикуваме младите да го кренат својот глас против начинот на којшто Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги третираат. Младите не се декор за митинзи, младите не се статисти за фештите на Мицкоски, младите се двигатели на општеството. СДММ стои рамо до рамо со младите што бараат одговорност за Кочани, со младите што сакаат да им помогнат на семејствата на загинатите и поредените, со оние што знаат што значи човечност – рече Крстеска.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат