Паметна енергетска одлука за вашиот бизнис – новите решенија од ЕДС

Од:

На сè поконкурентен пазар, довербата станува главен критериум за избор. Репутацијата на добавувачот не се гради преку ноќ – таа се базира на години конзистентна, транспарентна и професионална работа. Таа е доказ дали клиентот може да очекува фер третман, сигурна услуга и вистинска поддршка.

Таков партнер е ЕДС– компанија со повеќе од десетгодишно искуство на пазарот, денес дел од најголемата енергетска групација во Југоисточна Европа, PPC Group. Со над 12,4 GW инсталиран капацитет и над 8,8 милиони клиенти, оваа групација е гарант за стабилност, но и за идни иновации во енергетиката.

„Нашите клиенти добиваат сигурен добавувач, конкурентни пазарни цени и поддршка во подобрувањето на енергетската ефикасност. Дополнително, како дел од PPC Group, нудиме сертификати за зелена енергија и решенија за одржлива потрошувачка, кои им овозможуваат на компаниите да бидат поефикасни и да ги исполнат најновите европски регулативи за енергетска транзиција“, нагласува Александар Сарџовски, главен извршен директор на ЕДС.

Компанијата постојано работи на прилагодување кон реалните потреби на деловната заедница. Најнов пример за ова се новите тарифни модели, кои нудат избор според деловната стратегија на корисниците:

„Без обврски“ – модел со единствена цена од 12,99 ден/kWh, без долгорочен договор и со целосна флексибилност. Корисникот има право секој месец да одлучи дали да продолжи со ЕДС, со единствен услов за 15 дена однапред известување.

Фиксен договор (12 месеци) – за корисници кои претпочитаат безбедност и долгорочна предвидливост. Цената по киловат-час е 10,49 денари, а дополнително, корисниците добиваат попуст до 3.000 денари за првите шест месеци.

Со вакви решенија, ЕДС не е само снабдувач – туку вистински партнер кој им помага на компаниите да ја оптимизираат потрошувачката, да ги намалат трошоците и да се подготват за иднината на енергијата.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 јули 2026 изнесува 123,26 евра за мегават час, на МЕМО 110,00 евра за мегават час

Energy Delivery Solutions Инфо Поинт

ЕДС ја продолжува промотивната кампања: 2 години фиксна цена на струја и подарок Hisense клима уред или Segway електричен тротинет

А1он

Energy Delivery Solutions Инфо Поинт

Energy Delivery Solutions Инфо Поинт – Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 јуни 2026 изнесува 115,75 евра за мегават час, на МЕМО 86,70 евра за мегават час

А1он

ЕДС со силен раст и зацврстена позиција на пазарот: Тројно зголемен број на клиенти за само 18 месеци