Нападнат е аеродромот во Саваслејка, уништени се современи авиони, извести украинската армија

Од:

Украинските одбранбени сили го нападнаа аеродромот Саваслејка во регионот Нижни Новгород на Руската Федерација, објавија денес украинските медиуми, повикувајќи се на објава на Фејсбук од Генералштабот на украинските вооружени сили.

Во соопштението се наведува дека единици на украинските сили за специјални операции, во соработка со припадници на други оддели на украинската армија, го нападнале аеродромот Саваслејка, пренесува Укринформ.

Украинската војска денес објави дека онеспособила два авиона на рускиот аеродром Саваслејка.

„Според прелиминарните информации, погодени се два непријателски авиони, најверојатно МиГ-31 и Сухој-30/34“, соопшти украинската војска во соопштението на апликацијата Телеграм.

Руската војска го користи аеродромот Саваслејка за напади на украинска територија, а руските ловци МиГ-31К кои носат балистички ракети воздух-земја Кинжал редовно полетуваат од овој воен аеродром, објави украинската агенција.

Би можело да ве интересира

Европа ги отфрли руските барања за мировните преговори за Украина

(ВИДЕО) Путин: За Русија постои само една линија на разграничување со Украина – државната граница

Русија изврши масивен напад врз Киев, погодени се енергетски објекти и складиште за муниција

„Секој педа руска земја ќе биде вратенa“ – нова порака од Москва

Најмалку три лица загинаа, а 11 се повредени во руски напад врз пазар во регионот на Одеса

Русија и Украина договорија голема размена на воени заробеници