ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

Од:

Пред Собранието на Србија во Белград се случи инцидент, чиј главен актер беше Ивана Роквиќ, пратеничка на опозициското Народното движење предводено од Мирослав Алексиќ.

Пратеничката жестоко се скара со насобраната младина пред српскиот парламент, односно студентите кои сакаат да учат, а во еден момент извади и нож.

Пратеничката по инциднетот се повика на пратенички имунитет.

Пред зградата на Народното собрание, студентите кои бараат нормализација на состојбата во високото образование денес закачија транспарент „Подобро чаци отколку наци“ и симболот свастика. Пратеничките од Националното движење на Србија Ивана Роквиќ и Ана Јаковљевиќ се обидоа да го симнат транспрентот , по што се случи инцидентот. Полицијата реагираше и ја отстрани пратеничката, за која сега има повици да и се одземе имунитетот и да се поведе кривична постапка.

Би можело да ве интересира

Селф: Не е исклучена можноста за распад на БиХ

Кос во Европскиот парламент: Сликите од Белград не го претставуваат српското општество во целина, но за достоинството на жртвите не преговараме

Повеќе од 70 отсто од младите во БиХ сакаат да ја напуштат земјата по школувањето

(ВИДЕО) Безобѕирно возење на српските патишта – еден се движи со 185, а другиот со 211 километри на час

А1он

Бегалец од Србија уапсен во Виена – пред седум украде голема сума пари, па побегна во Германија

А1он

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“