Италијанскиот тенисер Јаник Синер се пласираше во финалето на Ролан Гарос, откако го победи Новак Ѓоковиќ со 3:0 во сетови.
Новак едноставно немаше решение за расположениот Италијанец, кој игра на неверојатно ниво во последно време.
Новак имаше свои шанси, но за жал ги пропушти, што Синер го искористи и закажа судир со Карлос Алкараз во финалето.
Покрај тоа што имаше можност да се бори за нов голем трофеј, Синер оствари и значителна добивка.
Имено, со пласманот во финалето, Синер обезбеди најмалку 1.275.000 евра, колку што добива губитникот во борбата за трофејот.
Покрај тоа, Синер заработи и 500 поени на својата АТП листа, и сега е на 10.880.
Интересно е што ако го освои трофејот во Париз, Италијанецот би заработил неверојатни 2.550.000 евра, а за да го постигне тоа, ќе мора да го победи Алкараз.