Продолжува неизвесноста на пациентите од Кочани – помошта на власта е бавна и недоволна, тврди Левица

Од:

Повредените во најголемата трагедија која се случи во Кочани, како и нивните семејства, речиси секојдневно алармираат за проблемите со кои се соочуваат во бирократскиот и руиниран систем. Последниот аларм на повредените е поради фактот што истите се оставени без надоместок за време на привремена спреченост за работа поради медицинско лекување, бидејќи немаат шест месеци стаж, велат од Левица.

– За Левица е скандалозно што Фондот за здравствено осигурување инстантно ги одбил повредените од Кочани, наместо да пристапи кон модул со кои ќе се овозможи законски да им биде исплатен надоместокот. За овие лица како да не се доволни траумите и процесот на закрепнување кој допрва почнува, па дополнително поради инертност на државата, се принудени да се во неизвесност и за својата егзистенција!

Левица неколку пати алармираше дека власта мора итно да одвои финансиска помош за семејствата на настраданите и за повредените пациенти, затоа што информациите кои јавно се обзнануваат се застрашувачки. Сведочиме како мајка на повредени во трагедијата е принудена да ја напушти работата за да се грижи за своите синови, додека од државата нема никаква помош! За помошта кон Кочани редовно одговорите на Владата се паушални и се повикуваат на сметката на Црвен Крст, што пак се средства собрани од донации. Не смее во ваква општетствена трагедија помошта да зависи од донации, каде лекови и компресирачки одела повторно се купуваат и обезбедуваат преку донации и добрата волја на поединци.

Левица алармира дека Владата предводена од Мицкоски мора итно да интервенира со финансиска помош за семејствата на настраданите и повредените лица во трагедијата во Кочани, кои не смее во ниту еден момент да стравуваат за својата егзистенција. Неопходно е итно да се интервенира законски за на повредените да им се исплати надоместокот за време на привремена спреченост за работа поради медицинско лекување. Кочанската болница сѐ уште работи со лимитирани ресурси и недоволен медицински кадар, без никакво подобрување на условите за третирање на пациентите, нешто што е недозволиво после повеќе од два месеци од најголемата трагедија која ја доживеа Македонија.

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Исмаил до Тошковски: Кој е крив за бегството на Ива Михаилова?

А1он

Левица издејствува повлекување на спорните измени за еколошките жешки точки од законот за животна средина

Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече!

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ – надворешно сметководство и покрај сопствен финансиски оддел

Левица: Со бегството на Михаилова во Бугарија, Тошковски го дотера безбедносниот систем до дно – што ли договори Муцунски во Софија?