Соработничка на Меџити добива државни пари од три институции, тврди Левица

Од:

Партизацијата и цедењето државни пари од буџетот за истакнати партиски активисти е очигледно главен модул на делување на дериватот на ДУИ и потпретседател во оваа влада – Изет Меџити. Тоа го докажува и фактот што шефицата на кабинетот на Изет Меџити, Сарана Адеми добива државни пари дури од три институции, велат од Левица.

– Од јавно достапните информации на алатката „Отворени финансии”, може да се заклучи дека Адеми освен што е редовно вработена во министерството со кое раководи Изет Меџити, истата има и редовни примања од Студенскиот дом „Пелагонија”.

Освен овие примања, Адеми (иако истакнат член на политичка партија) беше именувана и за член на Комисијата за музичка и музичко-сценска дејност, од страна на министерот Зоран Љутков. Иако учеството на членови на партија ја загрозува непристрасноста на оваа комисија, сепак Адеми беше избрана за член на оваа комисија, за што е евидентирана и исплата од 2.000 евра!

Левица прашува како е возможно едно исто лице да се јавува како примател на јавни средства од дури три државни институции, и како нејзините компетенции се соодветни за три различни дејности?! Или единствениот меродавен критериум е партиската припадност на владејачката ВРЕДИ?! Дополнително, загрижува и молкот на Антикорупциската комисија, која не отвори постапка да утврди дали има судир на интереси при именувањето на соработничката на Изет Меџити за член на Комисијата за музичка и музичко-сценска дејност.

Иронично е што власта на Мицкоски се обидува по секоја цена да го избрише криминогеното минато на Изет Меџити како дел од ДУИ, за кој дури и функционери на ДПМНЕ во минатото го обвинуваа за криминал со провизии. Јасно е дека оној кој со години бил дел од системот кој корумпирал и брутално партизирал, не може да делува со различни вредносни норми – а за тоа најдобар пример е “градоначалникот на дивоградбите” Изет Меџити, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Горна граница за кирии, поддршка при купување дом, дел од пакет – законите што ги предлага Левица

Левица: Нечовечноста на Владата го остави за министер обвинетиот Шабан Салиу

Меџити потврди: Најверојатно ќе бидам кандидат на ВРЕДИ за Чаир

ЕСМ: Левица манифестира елементарно непознавање на Законот за јавни набавки

Левица: ЕСМ доделил тендер на фирмата „Руд Коп” која е под истрага за криминал од 3 милиони евра

А1он

Левица: Од шанса за промоција до меѓународен срам – Борко не може да бега од одговорност!