СДСМ: И началничката Марија Цветковска меѓу заштитените од Мицкоски и Коцевски за трагедијата во Кочани

Од:

Ако Христијан Мицкоски мисли дека со игнорирање на жртвите во трагедијата во Кочани и нивните семејства Македонија ќе заборави, мораме да му порачаме дека се лаже. СДСМ нема да дозволи да останат неказнети оние кои дозволија на Македонија да и се случи најголемата трагедија во поновата историја. Доволно време помина, институциите не си ја завршија својата работа, институциите на прогонот се заложници на на Христијан Мицкоски кој од првиот ден ја попречува истрагата за пожарот во дискотеката Пулс за да се спаси самиот, вели портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

– Обвинителството и Мицкоски мора да одговорат зошто досега не е покрената истрага против актуелната началничка на ОВР Кочани, Марија Цветковска Маневска во моментот кога се случил пожарот?! Марија Цветковска Маневска е личен избор на Панче Тошковски за началник на ОВР Кочани уште во техничката Влада што значи дека таа е на функција повеќе од една година пред да се случи трагичниот пожар во Пулс! Зошто Марија Цветковска Маневска не одговара за затворената врата во дискотеката Пулс, постапка која скратила драгоцени секунди за спас на многу животи?! Како е можно како началник на ОВР Кочани, Маневска да нема информации дека е издадена и се спроведува наредба спротивна на стандардната оперативна процедура во секторот на ОВР со која самата раководи! Дали и таа како и Драган Казак Петрушев е заштитена само затоа што е член на ВМРО-ДПМНЕ и има фотографии со поранешни и актуелни функционери на ВМРО-ДПМНЕ?! Дали е точно дека одговорниот за реонот во Кочани во кој се наоѓа дискотеката Пулс неколку месеци пред пожарот испратил службена белешка до своите надредени меѓу кои и Марија Цветковска Маневска дека дискотеката работи спротивно на законите? Ако Маневска добила ваква службена белешка зошто не постапила и не ја затворила дискотеката пред да се случи трагедијата?! Дали е точно дека додека горела дискотеката одредени полициски службеници не биле на висина на задачата меѓу кои и началничката Марија Цветковска Маневска, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

СДСМ нема да ја поддржи интерпелацијата на претседателот на Уставниот суд

Горан Наумовски

Не чувствувам апсолутно никаква одговорност и вина за трагедија во Кочани, вели Салиу

(ВИДЕО) Кузеска: Трагедијата во Кочани е масовно убиство со потпис на државата

Имаме капацитет за понатамошниот третман и рехабилитација на пациентите од трагедијата во Кочани, вели Клековски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Илиевска – Силјановска: Зошто на Љутков му се дозволува вакво аздисување и злоупотреба на парите на граѓаните?

СДСМ: Се организира прикривање на одговорните во Кочани