Димитриевски присуствуваше на меѓународниот Астана форум

Од:

Претседателот на Движењето ЗНАМ за наша Македонија Максим Димитриевски на покана на Н.Е. Серик Жумангарин, заменик Премиер и Министер за национална економија на Република Казахстан присуствуваше на меѓународниот Астана форум, известија од ЗНАМ.

Како што објави на неговиот фејсбук профил Димитриевски, на овој настан бил придружуван од почесниот конзул на Казахстан во Македонија, Ејуп Абдулахи, а нивен домаќин при посетата бил амбасадорот на Казахстан во Македонија, Сатибалди Буршаков.

– На маргините на форумот го посетив еден од главните индустриски центри во државата, градот Караганда и во таа прилика остварив средба со Акимот на градот Караганда г-дин Меирам Кожухов при што потпишавме меморандум за соработка помеѓу Општина Куманово и градот Караганда. Меморандумот за соработка подразбира развој на односите помеѓу локалните самоуправи, размени на идеи и искуства во социо – економскиот живот, култура, спорт, образование, соработка на младински организации и др, напиша градоначалникот Димитриевски.

На ФБ тој најави дека наскоро во Куманово ќе биде отворен и почесен Конзулат на Република Казахстан кој веќе има именувано свој почесен конзул во нашиот град.

– Следува и иницијатива за организација на заеднички бизнис форум на представници од двете држави кој би се одржал во Куманово, објави на ФБ Димитриевски.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ со владината реконструкција го добива Министерството за земјоделство, ќе го раководи Борче Серафимовски

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

Реконструкцијата на Владата ќе биде готова до вторник, ЗНАМ ќе било посилно вели Димитриевски

Мицкоски: Во петок и во сабота средби со коалициските партнери од ВРЕДИ и ЗНАМ за најавената владина реконструкција

Горан Наумовски

СДСМ: Максо остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски

Горан Наумовски