Едно лице загина, а неколкумина се повредени во сообраќајка на магистрален пат Гостивар-Тетово

Од:

Денеска во 15.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на магистрален пат Гостивар-Тетово во близина на натпатникот за с.Камењане се случила сообраќајна незгода со излетување од пат на „голф” управувано од Ј.С.(22) од с.Пирок.

Во незгодата доктор од итна медицинска помош констатирала смрт на лице место кај сопатничката Ѓ.А.(33) од с.Боговиње, додека со повреди биле пренесени во Ургентен Центар-Тетово возачот на возилото Ј.С. како и сопатниците В.Р.(28) од с.Боговиње, Ј.О.(21) од с.Пирок, А.М(10) од с.Палатица, А.М.(6) од с.Боговиње и А.Р.(15) од с.Долно Палчиште.

Увид на лице место извршува екипа при СВР Тетово и Јавен обвинител при ОЈО-Тетово.

Би можело да ве интересира

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нов бран разорни напади врз Украина: Најмалку осум загинати, погодени се и трговски центри

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он