ВМРО-ДПМНЕ: Тактиката на СДСМ е секој тендер да го прикажат за криминален, без да изведат некакви докази

Од:

Најновиот тренд на СДС е да создава хистерија околу текот и постапката на спроведувањето на тендерите, за да се покори неконструктивноста и безидејноста на Филипче и СДС. Нивната тактика е секој тендер да го прикажат за криминален, без да изведат некакви докази. Се расфрлаат со бројки и воопштени квалификации со цел да внесат сомнеж иако за своите тврдења немаат никакви докази, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Распишувањето на тендери не е криминал, но провизиите од тендери за вакцини против корона какви набавуваше Венко Филипче е криминал. Веројатно се работи за потсвест и меморија уште кога СДС беше власт па во секој тендер гледа криминал, но Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи во согласност со законите и процедурите, штитејќи го интересот на граѓаните.

Вистината е дека тендерите за кои збори СДС генерално се истите и со истата тематика како и во времето на нивната влада. Разликата е тоа што тогаш исклучиво сите тендери ги добиваше омилената агенција Рејтинг на Спасов, агенцијата која и сега го работи ПР на СДС, а денес има конкуренција и цените паѓаат. Да потсетиме дека СДС беше партијата која потроши милиони евра за измислен настан во Борис Трајковски. Главното прашање денес не е зошто се распишуваат тендери, туку што има незаконско во нив? Одговорот е дека се е законски. Овие прес-конференции на СДС се обид за ширење на хистерија за оттргнување на фактот што тие се безидејни и синоним за криминал, неспособност и предавства, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

СДСМ: Тимчо Муцунски нè убедува дека сме „портата кон Европа“ – а не слепо црево

СДСМ: „Печатна грешка“ со коњ со пет нозе – Орце и ВМРО-ОКГ ја покажаа својата неспособност

СДСМ: Граѓаните чекаат на граница, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ минуваат по привилегирана лента

(ВИДЕО) Извештајот на ЕК е аларм за состојбите во правосудството, вели Наумоски

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите