ВМРО-ДПМНЕ: Политички очаен потег е Филипче да ја напаѓа Велика Британија и да шири инсинуации во врска со договорот

Од:

Договорот со Обединетото Кралство е транспарентен уште од самиот почеток и јавноста е запознаена. Само Венко Филипче и СДС ја напаѓаат Велика Британија и им смета договорот за стратешко партнерство кој ќе донесе стабилност, безбедност и развој на државата. Филипче и СДС се уплашени од успехот на Владата за стратешкиот договор меѓу Македонија и Велика Британија и затоа манипулираат, ја дезинформираат јавноста и шират лажни вести, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Политички очаен потег е Филипче да ја напаѓа Велика Британија и шири инсинуации во врска со договорот. Со Договорот за стратешко партнерство Влада со Влада, се одбележува нова ера во односите меѓу Македонија и Обединетото Кралство и претставува пресвртница во стратешко инвестициско партнерство меѓу двете земји.
Договорот со Обединетото Кралство е важен поради најмалку две причини. Прво, Договорот има стратешко и политичко значење и овој вид на стратешко партнерство и пријателство за Македонија ќе го вратат достоинството на државата и трасираат патот на стабилноста, безбедноста и развојот.

Второ, во економска смисла има рамка која што на располагање ни овозможува околу 6 милијарди евра, или околу 5 милијарди фунти. Со потпишувањето на овој документ, на Македонија ѝ се ставаат на располагање 6 милијарди евра за финансирање на капитални проекти во повеќе стратешки сектори. Ќе започне нов силен циклус на економски раст. Филипче, наместо да ги навредува и критикува партнерите на Македонија и шири небулози во јавноста, треба да се извини. Заврши времето на распродавање на државните интереси. СДС е синоним за криминал, корупција и предавства, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Матните времиња во енергетскиот сектор завршија со заминувањето на СДС и ДУИ во опозиција, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Јанковиќ: Матни зделки во енергетиката, зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи дали Алказар има одобрение за градба?

ВМРО-ДПМНЕ: Ги градиме темелите на промените, доаѓа времето на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката на СДС и ДУИ за Коцевски ги фрла во вода сите нивни прес-конференции за Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев да каже колку пари зел од своите тогашни шефови, денес главни фигури во обвинителството?

Шукова: Верувам дека културата не е трошок, туку инвестиција во иднината на еден град