(ВИДЕО) Ганиу исфрли ѓубре пред седиштето на Град Скопје, Арсовска побара да го плати долгот кон „Комунална хигиена“

Од:

Градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу синоќа пред објектот на Град Скопје со група граѓани исфрли ѓубре и шут што претходно го собрале од Старата скопска чаршија.

Тој обвини дека општината со месеци се соочува со проблеми околу одвезувањето на отпадот и одржувањето на јавната чистота, а дека барањата упатени до Град Скопје останале игнорирани.

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска, пак, ја осуди ваквата, како што стои во соопштението, герила акција на Ганиу, која ја оцени како притисок и обид да се пресмета со неа, по објавувањето изминативе денови, на негови наводни криминални зделки со дивоградбите. Таа меѓу другото наведува и дека општината Чаир на ЈП „Комунална хигиена“ му должи седум милиони денари.

-Ти фативме низ општина Чаир со камиони како градежниот и кабаст отпад ги фрлаш во и околу наши контејнери, за да не напаѓаш, за што МВР и инспекциските служби ти го конфискуваа камионот. Седум милиони му должиш на Комунална хигиена! Ќе те чекам и во град Скопје со сите докази за дивоградбите, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Најголемата опасност за јакиве лидери е една жена сама наспроти сите нив

А1он

Поднесено обвинение за мажот кој ја навредуваше, па и се закануваше на Данела Арсовска

Кривичен одлучи: Напаѓачот на Данела Арсовска оди во притвор

Град Скопје: Единствена мисија која МВР на ВМРО ја имаат е да го штитат и бранат Висар Ганиу

А1он

Обвинителство отвори постапка против двајца осомничени за насилство врз Данела Арсовска

А1он

МВР одобри 24 часовно обезбедување на градоначалничката Данела Арсовска

А1он