Хамас: Постигнат е договор со Виткоф за рамковен договор за прекин на огнот со Израел

Од:

Палестинското милитантно движење Хамас денес објави дека постигнало договор со специјалниот претставник на САД за Блискиот Исток, Стив Виткоф, за „општа рамка“ за договор за прекин на огнот со Израел и дека сега чека „конечен одговор“.

Хамас во соопштението наведува дека рамковниот договор, кој го одобрил, ќе обезбеди „траен прекин на огнот“, целосно повлекување на израелските сили од Газа, слободен влез на хуманитарна помош и комитет од независни палестински технократи кои ќе ја преземат контролата врз Појасот Газа, објави „Тајмс оф Израел“.

Во соопштението се вели дека договорот ќе вклучува ослободување на десет живи израелски заложници, заедно со неодреден број тела на мртвите заложници, во замена за „договорен број палестински затвореници, гарантиран од медијаторите“.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху е подготвен да му ја препушти премиерската функција на Ајзенкот

А1он

Израел размислува за уништување на клучната инфраструктура на Иран, се подготвува нов напад

Најмалку деветмина загинати во израелски напади во Појасот Газа

Кац: Иран развива хемиско оружје – Израел е подготвен за напад

Ајзенкот навести формирање малцинска влада со поддршка од арапските партии

А1он

Усвоен предлог-закон за намалување на платата на пратениците кои нема да го означат Хамас како терористичка организација