Додик: Западот не може да наметнува правила

Од:

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денес во Москва изјави дека, според него, се создава нова рамнотежа на моќ во светот и дека колективниот Запад повеќе не може да ги наметнува своите правила.

„Денес е очигледно дека колективниот Запад повеќе нема сила да ги наметнува своите правила“, рече Додик во своето обраќање на Меѓународната конференција на високи претставници за безбедносни прашања во Москва, пренесува Срна.

Тој додаде дека од падот на Берлинскиот ѕид, Западот го присвоил принципот на безбедност за себе.

„Тие не ја почитуваа безбедноста на остатокот од светот и дејствуваа само според своите принципи. Сепак, денес тие повеќе не се клучен фактор во светот“, рече Додик.

Би можело да ве интересира

Додик: Република Српска е подготвена да биде партнер на сите, но никому слуга

Додик го утна терминот, стигна во Америка точно за поразот на Трамп

Катерина Ѓуровски

Додик: Врските меѓу Србија и Српска нема да бидат прекинати од оние кои сакаат Србите да се откажат од сопствениот народ

Француски медиум: Милорад Додик планира патување во Вашингтон, ќе се сретне со лобистите ангажирани од РС

Предраг Петровиќ

Додик: Србите не се добредојдени во Сараево

Горан Наумовски

Додик: Дејтон е урнат, останаа само урнатините