Во Грција уапсен македонски државјанин баран од германските власти за убиство

Од:

Македонски државјанин, по кој имало распишана европска потерница и баран од германските власти за учество во грабеж и убиство на 81-годишен маж во февруари годинава во Германија, синоќа бил уапсен во Грција во обид да влезе кај јужниот сосед, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Според документите од германските власти, како што пишува АНА-МПА, станува збор за 34-годишен маж од земјава, кој заедно со негови сонародници бил на деловно патување во мал град во сојузната покраина Хесен и престојувале во една од собите што ги издавал 81-годишниот.

Убиството било извршено на 9 февруари, кога сторителите ја врзале жртвата, му ја затвориле устата и украле пари од неговиот дом, а 81-годишниот починал од задушување.

Мажот по кој била распишана европска потерница бил уапсен синоќа на граничниот премин Евзони во обид да влезе на грчка територија.

По апсењето, 34-годишниот ќе биде изведен пред јавен обвинител во Солун за да започне постапката за негова екстрадиција во Германија.

Би можело да ве интересира

Мицотакис: Европската перспектива на Балканот не смее да се одложува

Иран планирал напади во Германија

Почината жена со прострелна рана пронајдена во скопско село, покрај неа бил пиштолот на сопругот

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Најмалку четворица мртви и осум ранети во пукотници во Турција

А1он

Другарот на убиениот доставувач на пица: Алексиќ ја отвори вратата, рече „влези, влези“ и почна да пука

А1он

Побаран краткотраен притвор за 19-годишникот за убиството кај Сарај, телото е дадено на обдукција