СДСМ: Скандалозен тендер на Тошковски од 4 милиони евра за фирми регистрирани пред тендерот

Од:

Панче Тошковски продолжува со скандали и криминал, овој пат медиумите објавија сомнителен и криминален тендер вреден речиси 4 милиони евра. Тендерот е доделен на фирми кои немаат ни основни капацитети, ни релевантно искуство – а некои се формирани буквално 20 дена пред распишување на тендерот.

Модното студио „Ле Бранд Дизајн“ од Битола, кое последните години има просечен приход од 20.000 евра годишно и само двајца вработени, добива договор вреден 2.130.000 евра за шиење на специјални униформи, иако до вчера шиеле женски фустани.

Фирмата „Памитекс Тим“ е формирана 20 дена пред тендерот, без никаква историја на јавни набавки, без веб-страница, без контакт, со адреса во стан и непознато потекло на капацитети – добива тендер вреден 1.710.000 евра.

Ова е класичен пример на тендерските мрежи на ДПМНЕ, тука мириса на корупција и злоупотреба на службена должност.

Министерството под водство на Тошковски намерно ги отстранило сите критериуми што би овозможиле транспарентна и правична конкуренција – нема услов за претходно искуство, нема минимум приходи, нема проверка на реални капацитети. Наместо тоа, тендерот е шиење по мерка – не за полицијата, туку за партиските и бизнис интереси блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

Кој ќе ги шие униформите? „Ле Бранд“ од битолската улица или некоја анонимна трета фирма? Каде завршуваат парите на граѓаните? Кој ќе одговара ако униформите не стигнат, или ако бидат небезбедни и неупотребливи за полициските специјалци?

Панче Тошковски нема веќе легитимитет да ја води институцијата која треба да биде симбол на интегритет и правна држава. Бараме јавно обвинителство веднаш да отвори постапка за сомнеж за злоупотреба на службена должност, местење на тендер и можно перење пари. Бараме поништување на скандалозниот тендер и отворање транспарентна постапка со јасни и објективни критериуми.

Граѓаните не заслужуваат вакво безочно крадење. Оваа срамна зделка мора да биде последната капка во корумпираното однесување на оваа влада. СДСМ ќе се бори до крај за вистината, за отчетност и за казна за сите вмешани, наведуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Променливо време со врнежи од дожд, на планините снег

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

Филипче – Вајц: Местото на С. Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

А1он

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

СДСМ: Дали криминалецот Симе е поврзан со Гордана Димитриевска Кочоска и нејзиниот татко?