ВМРО-ДПМНЕ прашува зошто Венко Филипче е изземен од случајот „Онкологија“

Од:

Венко Филипче е убедливо најлошиот министер за здравство во Македонија.

Во време кога Филипче беше министер за здравство имаше низа скандали и злоупотреби во здравството а самиот Филипче е до гуша заглавен во скандалот со Онкологија.

Додека Филипче бил министер за здравство, оштетен е Буџетот на државата преку измама, од над 2,2 милијарди денари или над 35 милиони евра.

Со одлуката на ОЈО, за завршување на истрагата за случајот Онкологија, поднесени се две обвиненија, но дали и зошто Филипче е изземен од случајот Онкологија?

Според членот 295 од Законот за здравствена заштита, каде што стои „Надзор над законитоста на работата на здравствените установи врши Министерството за здравство“, што значи дека Филипче бил директно одговорен за истото.

Дали Филипче знаел дека не се дава онколошка терапија и дека се крадела па дури и завршувала на црниот пазар во Косово?

Зошто омилениот обвинител на СДС и ДУИ, Гаврил Бубевски, не покренува истрага против Филипче, иако Филипче самиот директно или индиректно, дозволил системски хаос и непочитување на шеесетина законски одредби.

Последиците од Филипче и СДС во здравството се катастрофални и штетни.

Судиите избрани во Струмица и Зајас наместо да обезбедат правда, тие опструираат предмети и го продлабочуваат клиентелизмот.

Обвинителите и судиите не го санкционираат криминалот и ги штитат политичките елити блиски до СДС, со што предизвикуваат ерозија на судскиот систем и недоверба во јавните институции.

Македонија мора да функционира како правна држава, а за тоа неопходни се реформи во правосудството. Неопходно е независно судство и неопходно е судството да е растоварено од политички влијанија.

СДС останува синоним за криминал корупција и предавства, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Рочиште за аферата „Онкологија“: После одреден период сопругата нагласи дека не ја чувствува повеќе терапијата

(ВИДЕО) Филипче: Власта создава економски хаос, над 700 милиони евра долг кон фирмите

Горан Наумовски

Јорданов: Повеќе сум згрозен, отколку што сум изненаден од кампањата која ја пласираат моите политички противници

Во Кривичен денеска треба да продолжи судењето за „Онкологија“

(ВИДЕО) Филипче: Гласот за Перо Костадинов е глас за продолжување на развојот, за секое маало, за цело Валандово

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Аеродром ќе добие на нов модерен спортски центар