Украина изврши жесток напад врз Русија – московските аеродроми се во опасност

Од:

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека денеска силите за противвоздушна одбрана одбиле напад на три беспилотни летала кои летале кон Москва.

– Силите за противвоздушна одбрана на Министерството за одбрана одбија напад на три беспилотни летала кои летаат кон Москва. Специјалисти на итните служби работат на местото на остатоците од соборениот дрон – напиша Собјанин на Телеграм.

Претставникот на Росавијасија, Артем Корењако, претходно најави дека е ограничена работата на московските аеродроми Домодедово и Жуковски, а нешто подоцна и аеродромот Шереметјево.

– Аеродромите привремено не прифаќаат и не испраќаат летови. Шереметјево сепак може да лета со авиони по договор – изјави Корењако од Москва, пренесува руски Интерфакс.

Претходно, Росавијасија ја ограничи работата на аеродромите Владимир, Иваново и Калуга.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

На Украинците им се заканува смрзнување: Милиони ќе мора да ги напуштат домовите, предупредува ОН

Украина ги обнови воздушните операции, Москва и Санкт Петербург се главните цели

Русија се закани: Ќе го поделиме Киев