Таравари ја напушти Владата и замина кај Рама во Тирана

Од:

Лидерот на Алијанса на Албанците и довчерашен министер за здравство Арбен Таравари, престојува во Тирана, каде оствари средба со албанскиот премиер Еди Рама.

– Со најевропскиот премиер во моментов или како што велат насекаде во последно време: со Еди, напиша Таравари на Фејсбук.

– За време на разговорот беа дискутирани и прашања од значење за Албанците во регионот, како и потребата за зајакнување на меѓуалбанската соработка на сите нивоа – политичко, институционално и општествено. Алијансата за Албанците високо ја цени улогата на Албанија како клучен фактор во поддршката на демократскиот развој и правата на Албанците во регионот и изразува подготвеност за понатамошно продлабочување на таа соработка, се вели во соопштението од Алијанса за Албанците.

Би можело да ве интересира

Алијанса на Таравари ќе го оспри „Безбеден град“ пред Уставен суд

Катерина Ѓуровски

Бериша до Рама: Ако си маж, утре остани во канцеларија!

А1он

ВЛЕН: За сала од 50.000 евра, Таравари потроши 750.000 евра народни пари

Рама: Италија може да побара од Албанија што сака и ние ќе кажеме да

А1он

ВРЕДИ: Таравари отиде за шест општини, остана со четири заврши со нула

ВИДЕО: Еди Рама и Макрон го исмеваат Трамп за „мировниот договор меѓу Азербејџан и Албанија“

Катерина Ѓуровски