Минималните трошоци на едно семејство во мај се зголемени за 1.217 денари во споредба со април

Од:

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во мај се зголемени за 1.217 денари во споредба со април, покажуваат податоците што денеска ги објави Сојузот на синдикати на Македонија.

Вредноста на синдикалната минимална кошничка, според објавените податоци, во мај изнесува 63.908 денари што е за 1.217 денари повеќе во однос на априлската синдикална кошничка која изнесуваше 62.691 денари.

Со изнајмен стан од 60 квадрати синдикалната кошничка изнесува 79.283 денари.

Трошоците за храна и пијалаци во синдикалната кошничка во мај изнесуваат 22.434,00 денари и се за 954 денари зголемени во споредба со април.

– Евидентно е дека без мерки, цените неконтролирано се зголемуваат, а предизвикот со високите цени особено на основните прехранбени производи прави огромен притисок врз ниските плати на работниците во Македонија. Во услови на зголемени трошоци за живот, зголемената вредност на Синдикалната минимална кошница особено по завршувањето на мерките на Владата упатува на тоа дека е потребен раст на платите. Денеска е повеќе од јасно дека за растот на платите не говориме само ние од ССМ, туку се погласно зборуваат работниците и граѓаните кои на свој грб ја чувствуваат оваа неправда, велат од Сојузот на синдикати на Македонија.

Би можело да ве интересира

Минималната синдикална кошница за февруари 63 773 денари, зголемена за 521 денар во однос на јануари

СДСМ: Мицкоски ја руши потрошувачката кошничка, за да не ја покачи минималната плата

Минималната сума за преживување на месецот пораснала 100 евра за една година

Катерина Ѓуровски

Минималната синдикална кошница за декември е за 840 денари повисока отколку во ноември годинава

ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на Владата имаат влијание, после долго време намалени трошоците за живот