„Нисан“ затвара фабрики, 20.000 работници добија понуди за предвремено пензионирање

Од:

„Нисан“ ќе им понуди на своите вработени можност да аплицираат за предвремено пензионирање ова лето, како дел од обидот да му помогне на јапонскиот производител на автомобили да излезе од кризата.

Програмата за пакет за предвремено пензионирање треба да биде лансирана за прв пат по 18 години во јули и август, а понудата ќе се однесува на вработените во продажбата и сметководството, објави „Јапан тудеј“.

Работниците од секторите за развој и производство нема да бидат вклучени во овој дел од планот за елиминирање на околу 20.000 работни места низ целиот свет.

Програмата ги опфаќа вработените на возраст од 45 до 64 години, кои веќе се информирани за планот, но бројот на апликации што ќе бидат прифатени не е откриен.

Третиот најголем производител на автомобили во Јапонија по обем има за цел да ги намали административните трошоци поради влошувањето на деловната клима предизвикана од царинските политики на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, кои вклучуваат царини од 25 проценти за автомобили од април.

Додека се бори со слабата продажба во САД и Кина, компанијата објави мерки за реструктуирање откако објави огромна загуба од 670,90 милијарди јени (4,1 милијарди евра) за фискалната 2024 година.

Според плановите за реструктуирање, јапонскиот производител на автомобили ќе ја намали својата глобална работна сила за околу 15 проценти, како и бројот на своите фабрики за возила од 17 на 10, до 2027 година, за да ги реши проблемите со прекумерен капацитет.

Според извор од компанијата, „Нисан“ размислува и за затворање на две фабрики во близина на Токио.

Би можело да ве интересира

Јапонскиот воз тргна 25 секунди порано, од Железници се извинуваа

А1он

Трамп: Имам потенцијални договори со Индија, Јужна Кореја и Јапонија

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Јапонија изгуби рекордни 900.000 жители за една година

Горан Наумовски

Кјодо: Најмалку 47 лица повредени во судир на два туристички автобуси

Јапонски осуденик на смрт ослободен по 46 години