Во очи на самиот празник, Регулаторната комисија, предизвика огромна вознемиреност и револт на граѓаните на Република Македонија, реагира ЛДП.
„Најпривин донесе Одлука за зголемување на цента не електрична енергија за 10%, со образложение дека скапо е платен увозот на електричната енергија и дека постои слаба наплата на испорачаната електрична енергија, што создаде финансиска дупка од 20 милиони евра. Но, ја укина и евтината струја која се користеше преку ден. Нов силен удар за граѓаните. Што е уште пострашно, ова дневна евтина тарифа најмногу се користеше од пенизионерите и од невработените кои преку ден ја користеа можноста да заштедат некој денар. Ова создаде невиден револт кај граѓаните, бидејќи се свсни дека тоа ќе влијае на зголемување на сиромаштијата и драстично опаѓање на ионака нискиот стандард“, изјави Зоран Шапуриќ.
„Неколку часа по зголемување на цената на електричната енергија и цената на парното греење се зголеми за 4%. Ова е девето, односно десето поскапување во последните пет години, со што денес цента на парното греење е повеќе од двојно поголема отколку пред 5 години.Да биде уште потрагично со новите Правила за снабдување со топлинска енергија, утвредено да се плаќа и за непостоечки услуги ‼!???, односно и граѓаните кои се исклучиле од системот на Топлификација, да плаќаат иако не ги користат овие услуги. Па дури и ова да важи ретрокативно и за оние кои се веќе исклучени од системот“, велат од ЛДП.
ЛДП ќе поднесе Иницијативата за поништување на овие неуставни одредби, пред Уставниот суд на Република Македонија и ќе бара времена мерка од Судот за суспенизија на означените правила до донесување на конечна одлука.