Најмалку четири пратеници од Алијанса на Таравари ќе преминат кај власта, тврди Лимани

Од:

Оваа Влада да продолжи и да се обидеме предлозите што им ги дадовте на сите тие што ни веруваат со тек на време да ги спроведеме. Да ни дадат можност овие четири години да се обидуваме да ги повратиме вредностите на семејството, соопшти денеска министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани.

Одговарајќи на новинарско прашање за легитимноста, Лимани, кој е дел од „Вреди“, рече дека легитиметот на една политичка партија или структура подлежи на тоа дали изборниот процес е демократски, дали се одвивал демократски.

– Мој впечаток и на мнозинството на граѓаните е дека во минатите изборни кампањи гласовите се поткупувале и се добивале под разни притисоци. Не знам дали со овие механизми можеме да се повикуваме или да се повикуваат на легимитет. Тоа што е начелно, што веќе го изразив на албански јазик, е ако тие мислат дека дел од пратениците на Алијанса на Албанците поминале кон „Фронтот“ се погрешни бидејќи дел од нив ќе останат со Владата, но да се сигурни дека и најмалку четири пратеници што се денес кај нивните редови ќе поминат во делот на владината коалцијата, изјави на прес-конференција Лимани.

Го одбележуваме 15 Мај – Денот на семејството и секој пратеник кој, како што рече, мисли дека треба да се вратиме на вредностите, на семејството, да ни дадат можност овие четири години да се обидуваме да ги повратиме вредностите на семејството.

– Да не ги избркаме сите млади кои на 25 години веќе живеат и создаваат семејства надвор од нашата земја, додаде Лимани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми

Според ВРЕДИ законското усогласување на минималната плата во март е „нова економска ера“

ВРЕДИ очекува да има и вицепремиер и министер за животна средина, позициите кои му припаѓаа на Меџити

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ ја нападна Јаневска: Не знае ни збор албански, а реагира за тоа што не го разбира Касами

ВРЕДИ: По месеци ѓубре, Скопје и Чаир овојпат навистина се чистат

А1он

ВРЕДИ: Реформата на ДУИ почнува и завршува со Блерим Беџети