Премиерот немал информации за повисоки цени во маркетите, ако се случи тоа ќе има мерки за до крајот од годината

Од:

Доколку се утврди драстично зголемување на цените на прехранбените производи на крајот на месецов ќе бидат применети мерки кои ќе траат до крај на годинава, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарски прашања, дали поради поплаките од граѓаните за поскапувања на прехранбените производи ќе се чека извештајот од контролите на цените на прехранбените производи што ги спроведува Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), откако на 30-ти минатиот месец завршија владините мерки за скалести маржи, Мицкоски рече дека нема таква информација според бројките што му ги претставил пред два дена ресорниот министер. Мицкоски порача и дека нема да се толерираат трикови во кои, како што рече, „преку прокси правни лица ќе се изнесуваат пари под плаштот на маркетинг и пи-ар услуги, а со тоа практично ќе се плаќа маржата на одредени маркети“.

– Ги следиме состојбите, јас немам таква информација, разговарав со министерот пред два дена, имавме состанок и ми покажа бројки, немам таква информација дека тоа се случува, но доколку се случува тоа на крајот на месецот автоматски ќе бидат применети мерки кои ќе траат до крајот на годината. Јасно кажавме дека такви трикови нема да толерираме. Слушаме трикови во кои преку прокси правни лица ќе се изнесуваат пари под плаштот на маркетинг услуги, пи ар услуги, а со тоа практично ќе се плаќа маржата на одредени маркети, слушаме, стигаат до нас тие инфоромации, вознемирени сме од тоа што го слушаме, и е добро тоа што го слушаме затоа што на тој начин не можеме да градиме партнерски однос, изјави Мицкоски, по присуство на поставување камен-темелник на училишна спортска сала во подрачен објект на ОУ „Гоце Делчев“ во село Долно Лисиче, Општина Аеродром.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на 8. месецов изјави дека инспекторите од ДПИ се на терен за да утврдат дали трговците, дистрибутерите или производителите имаат девијантно однесување, односно дали има зголемување на цените на прехранбените производи. Доколку се утврди зголемување на цените на производите во тој случај ќе се преземат поригорозни мерки, рече Дурмиши на прес-коференција, посочувајќи дека меѓу мерките кои за кои се размислува е и да се покачи процентот на маржата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Прислушувањето на АНБ не е удар врз мене и новинарите, туку врз демократијата

(ВИДЕО) Филипче за случајот АНБ: Наместо лов на вештерки, темелна истрага и декласификација

Поранешниот директоро на АНБ, Виктор Димовски, тврди дека Мицкоски не бил следен и прислушуван во негово време

Катерина Ѓуровски

Филипче: Потребен е државнички пристап за евроинтеграциите, Мицкоски одбива секаков предлог

Мицкоски: СДСМ и ДУИ го потценуваат народот и играат на картата на кратка меморија

А1он

Одредени ланци на супер маркети преку скриен маркетинг ги изигруваат законите, тоа нема да толерираме, вели Мицкоски