На петтиот ден од ЛОИ во Лондон синоќа во „Акватик центарот“ унгарскиот пливач Даниел Гиурта го освои олимпиското злато во дисциплината 200 метри градно со време на нов светски рекорд – 2:07.28 минути. На подиумот покрај него беа сребрениот Мајкл Џекмисон од Велика Британија и бронзениот Рио Татеиши од Јапонија.
Од финалните дисциплни мажите се натпреваруваа и во трката на 100 метри слободно каде во последните метри Американецот Нејтан Адријан го мина Џејмс Магнусен од Австралија и го освои златото, додека Магнусен беше втор со само една стотинка заостанување зад победникот. Бронзениот медал му припадна на Брент Хајден од Канада.
На 200 метри пеперутка кај жените Лиујанг Џиао од Кина со време на олимписки рекорд го освои првото место, како втора стигна Миреиа Белмонте Гарсија од Шпанија, а трета беше Нацуми Хоши од Јапонија.
Во женската штафета 4 х 200 метри слободно најбрзи беа Американките (олимписки рекорд), пред Австралија и Франција.
Американката Ребека Сони во полуфиналето на 200 метри градно постави нов светски рекорд – 2 минити и 20 секунди.