Руфи Османи нема да се приклучи на здужената опозиција. Ова го соопшти Османи кој рече дека неговата партија НДП нема да коалицира со Црвенковски и со Тачи.
,,Со Црвенковски и со Тачи сме различен ментален склоп,и е невозможно овие три политички лица да соработуваат, ни сега, ни во иднина“, изјави Руфи Османи на прес конференција.
Османи најави дека на локалните избори ќе излезе заедно со партиите на Кастриот Хаџиреџа и на Бардуљ Махмути.
Тој кажа дека неговата средба со Зоран Заев била на ниво на градоначалници. – изјави Османи.
Неговата партија ќе настапи на локлните избори со свои кандидати во Гостивар, Тетово и во Струга.