Американецот Роберт Превост е новиот папа, неговото име е Лав XIV

Од:

Новиот папа е Роберт Превост. Тој го зел името Лав IX. Поголемиот дел од својот свештенички живот го поминал надвор од САД, претежно во Перу, каде што бил пастор, професор, просветен работник и епископ. Ова го прави еден од ретките американски кардинали со длабоко искуство во Латинска Америка.

Тој е префект на Дикастеријата за епископи, што е една од највлијателните позиции во Ватикан. Според аналитичарите, Превост е умерен, способен за дијалог и поврзување на различни струи во Црквата. Неговиот стил и приоритети се блиски до реформскиот дух на папата Франциск, поради што ужива поддршка од некои кардинали кои сакаат континуитет.

„Гардијан“ пишува дека Превост е „ѕвезда во подем“ и го цитира католичкиот весник „Крукс“ кој вели дека Превост е „познат по својата силна проценка и остри вештини за слушање“. „Гардијан“ пишува дека Превост го засенил миленикот на Паролин.

Тој се соочи со критики за неговото справување со случаи на сексуална злоупотреба додека служеше во Перу и претходно во САД. Иако неговите застапници истакнуваат дека тој дејствувал според црковните правила, некои критичари веруваат дека не реагирал доволно транспарентно и решително.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести во Рим: Демонстрантите фрлаа шишиња кон полицијата, таа возврати со водени топови и солзавец

Зеленски прифаќа замрзнување на војната, но не и признавање на окупираните територии за руски

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

(ВИДЕО) Напад врз Ријад: Пресретната балистичка ракета лансирана од Хутите

Предраг Петровиќ

Трамп: Русија е голема машинерија, тие едноставно продолжуваат да напредуваат

Франција на улиците испраќа воена единица формирана по терористичките напади во 2015 година