Вооружени лица го нападнаа затворот во либискиот град Бенгази и го ослободија осомничениот убиец на бунтовничкиот лидер Абдел Фатах Јонис.
Муслиманскиот екстремист Салем ал Обедиди избега, откако вооружени мажи навлегоа синоќа во затворот Куејфија, изјави претставник на Министерството за внатреши работи.
Ситуацијата во Либија и натаму е тензична околу една година по отстранувањето на Моамер Гадафи, бидејќи поранешните бунтовници одбија да го предадат оружјето и во многу делови од земјата практично дејствуваат како власт.
Јонис беше министер за внатрешни работи во Владата на Гадафи, се додека не се приклучи кон бунтот минатата година. Тој беше убиен во јули 2011 година.