ВИДЕО: Војската на Пакистан доби дозвола да одговори на нападот од Индија

Од:

Премиерот на Пакистан Шехбаз Шариф рече дека вооружените сили на земјата се „овластени да преземат соодветни дејствија“ по индиските воздушни напади.

„Во согласност со член 51 од Повелбата на ОН, Пакистан го задржува правото да одговори во самоодбрана – во време, место и начин по сопствен избор – за да се одмазди за загубата на невините пакистански животи и флагрантното кршење на суверенитетот на земјата“, се вели во соопштението на Кабинетот на премиерот.

Пакистанскиот совет за национална безбедност се состана денеска и ги осуди индиските напади, нарекувајќи ги „неиспровоциран, кукавички и незаконски чин на војна“.

„Овие неиспровоцирани и неоправдани напади намерно беа насочени кон цивилни области, под лажен изговор на непостоечки терористички кампови, што доведе до убиства на невини мажи, жени и деца и оштетување на цивилната инфраструктура, вклучително и џамии“, се вели во соопштението.

Пакистан, исто така, тврди дека нападите претставуваат „сериозна закана за комерцијалните авиони на пријателските земји од Заливот“, ставајќи ги во опасност „илјадници патници“.

Исламабад вели дека овие напади „јасно претставувале чин на војна според меѓународното право“.

Од друга страна, Индија тврди дека погодила девет локации кои служеле како „терористичка инфраструктура“, нагласувајќи дека ниту еден воен објект не бил цел.

Би можело да ве интересира

Пожар во болница, загинаа најмалку шест пациенти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Стампедо предизвика индискиот актер и политичар, најмалку 36 мртви

(ВИДЕО) Огромна експлозија во Пакистан, најмалку 25 мртви

А1он

Исламабад и го прогласи Авганистан за „непријателска држава“

Трамп бара од ЕУ да ги зголеми царините за Индија и Кина на 100 отсто

Трамп бесен: Ги загубивме Индија и Русија од најмрачната Кина

Предраг Петровиќ