Сеиф ал Ислам: Судскиот процес во Либија ќе значи убиство

Од:

Синот на убиениот либиски диктатор Моамер Гадафи – Сеиф ал Ислам, изјави дека сака да биде суден во Холандија за претпоставените воени злосторства, бидејќи судскиот процес против него во Либија ќе бил еднаков на убиство, соопштија американските медиуми.

Во изјавата, која неговите адвикати синоќа ја предадоа во Меѓународниот кривичен суд во Хаг, Сеиф ал Ислам кажува: „Сигурно нема да има праведност во случајот, доколку обвинението се темели на докази од мачења“.

-Не стравувам да умрам, но ако ме екзекутирате по таков процес, треба едноставно тоа да го наречете убиство, посочи тој.

Судот во Хаг и либиската влада преговараат за тоа каде да се води процесот против Сеиф ал Ислам за претпоставени воени злосторства за време на соборувањето од власта на режимот на неговиот татко.

Сеиф ал Ислам е притворен во западна Либија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски