Фицо се сликаше во Дунав за да одговори на гласините за здравствените проблеми

Од:

Словачкиот премиер Роберт Фицо одговори на гласините за наводни здравствени проблеми објавувајќи фотографија на која се капе во Дунав.

На објавената фотографија Фичо стои до половината во вода во мокра, тесна маица. “Ве чекав утрово, каде бевте? Баш вчера новинарите беа “загрижени” дали воопшто дишам и дали можам да се качам по скалите до мојата канцеларија. Затоа ги поканив утрово на насипот да се загреат и да пливаат. Никој не дојде. Разбрав. Врнеше слаб дожд, напиша Фицо на Фејсбук.

Сепак, Фицо на прес-конференција во неделата призна дека има некои здравствени проблеми поврзани со минатогодишниот обид за атентат врз него. „Постојат одредени работи поврзани со атентатот што ме спречуваат да патувам со автомобил. Тоа е се. Нема да ви кажам повеќе“, одговори тој на прашањето за неговата здравствена состојба.

Фицо и понатаму тврди дека е физички подготвен да изврши исклучително напорна работа. „Во политиката сум од 1991 година, значи 34 години… Знам дека сакате да се ослободите од мене, но треба да почекате уште малку“, им порача словачкиот премиер на насобраните новинари.

Фицо пред две недели им призна на пратениците дека ќе оди на дополнителни операции. Напаѓачот Јурај Цинтула го застрела Фичо на 15 мај 2024 година.

Би можело да ве интересира

Фицо: Не можам да се возам автомобил повеќе од четири часа

Фицо: Гарантирано одам во Москва за Денот на победата

Рихтер: Словачкиот премиер Фрицо е во добра форма, посетата на Москва не е откажана

Европската унија ги потсети Вучиќ и Фицо дека не треба да одат во Москва на прославата на 9.мај

ВИДЕО: Објавена нова снимка од обидот за атентат врз словачкиот премиер Роберт Фицо

Фицо: Ќе одам во Москва, никој не може да диктира каде можам да патувам