Бразилската полиција спречи бомбашки напад планиран за концертот на Лејди Гага

Од:

Бразилската полиција соопшти дека спречила бомбашки напад планиран за концертот на Лејди Гага на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро.

На концертот присуствуваа околу 2,1 милиони луѓе, објави „Скај њуз“.

Заговорот бил оркестриран од група која промовирала говор на омраза и радикализација на тинејџерите, вклучувајќи самоповредување и насилна содржина како форма на општествена припадност, соопшти Граѓанската полиција на Рио де Жанеиро, која работела во координација со Министерството за правда на земјата.

„Осомничените регрутирале учесници, вклучувајќи и малолетници, за да извршат координирани напади И било планирано да користат импровизирани експлозиви и молотови коктели“, соопшти полицијата.

Министерството за правда соопшти дека регрутерите се претставиле како обожаватели на Гага, познати како „Мали чудовишта“.

Се вели дека операцијата „Лажно чудовиште“ се базира на извештај од лабораторијата за сајбер операции на министерството, по дојава од разузнавачката служба на полицијата на државата Рио, која открила дигитални ќелии кои поттикнуваат насилно однесување кај тинејџерите користејќи кодиран јазик и екстремистичка симболика.

Би можело да ве интересира

Улична војна во Рио де Жанеиро, загинаа 64 лица

Момче (9) ја уби мајка си затоа што не го пушти да излезе надвор со другарите

А1он

Рио де Жанеиро го враќа законот за добивање бонус за полицајците кои убиваат криминалци

Поддржувачите на Болсонаро протестираат во неколку бразилски градови барајќи амнестија

Бразил не попушта пред царините на Трамп, најави итни мерки за компаниите

Горан Наумовски

Трамп потпиша наредба за воведување царини од 50 отсто за Бразил