Според извештаите на неколку странски медиуми, Лејди Гага и Мајкл Полански го добија своето прво заедничко дете.
За 40-годишната пејачка, ова е прво искуство со мајчинството. Засега, парот нема дадено официјално соопштение, а името и полот на бебето сè уште не се познати за јавноста.
„E! News“ побара коментар од претставник на познатата музичарка, но не доби одговор. Затоа, веста се заснова на изјави од неколку извори. Родителите исто така не открија кога е родено детето, а во моментов не е познато дали планираат наскоро да споделат дополнителни детали.
За време на врската, пејачката и нејзиниот свршеник главно избегнуваа да откриваат приватни детали. Иако се појавуваат заедно на важни настани, тие се обидуваат да го заштитат својот семеен живот од љубопитноста на јавноста. Тие го задржаа овој пристап и по раѓањето на бебето.
Лејди Гага и Мајкл Полански се свршија во јули 2024 година. Нивната врска привлекува големо внимание бидејќи таа е една од најпознатите ѕвезди во поп-музиката, додека Полански е познат како претприемач и филантроп.
Музичарката претходно отворено зборуваше за својата желба да стане мајка откако зачекори во петтата деценија од животот.
Во интервју за „Elle“ во јануари 2025 година, таа го спореди семејството со корените на дрво кои растат, се менуваат и го дефинираат она што сме.
– Семејството е како корените на дрво. Расте долго време, понекогаш е заплеткано, понекогаш е полно со вода, а понекогаш е жедно. Семејството ве прави она што сте и ја одредува вашата потреба за промена – изјави тогаш пејачката, опишувајќи ја важноста на блиските односи.
Goo Goo Gaga!!! Lady Gaga and her fiancé, Michael Polansky, were spotted for the first time since Page Six confirmed they recently welcomed their first child. 🫶
📸: BACKGRID https://t.co/vcV58UfPhT
— Page Six (@PageSix) September 12, 2026
Лејди Гага и Мајкл Полански сè уште не објавиле кога ќе го претстават своето дете пред јавноста. Затоа, фановите го очекуваат нивното прво официјално соопштение. Сè додека не пристигне потврда од нивните претставници, деталите за приновата остануваат непознати.
Наводно, Гага e видена како шета во Северна Калифорнија, носејќи новороденче завиткано во пелени и ќебиња, припиено до нејзините гради.
Мајкл чекорi покрај неа додека парот ја поминува својата средба далеку од очите на јавноста.
Гага никогаш не објави дека е бремена, а сите детали за полот на бебето и неговото раѓање останаа приватни. Затоа, не е познато дали пејачката сама го роди детето или пак таа и нејзиниот партнер го добиja со помош на сурогат-мајка.
