Песков: Целта на велигденското примирје беше да се тестира решителноста на Украина да бара мирно решение

Од:

Целта на прекинот на огнот предложен од Русија за Велигден беше да се тестира подготвеноста на Киев да бара мирно решение, изјави денес Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

– Целта на велигденското примирје предложено од Русија, како и на сегашните иницијативи за прогласување примирје за празниците 8, 9 и 10 мај, е да ја тестираме подготвеноста на Киев да најде начини за долгорочен одржлив мир меѓу Русија и Украина, изјави Песков за новинарите, пренесе РИА Новости.

Русија, со одлука на рускиот претседател Владимир Путин, прогласува прекин на огнот во деновите на 80-годишнината од Победата – од полноќ на 7 мај до полноќ на 8 мај.

Би можело да ве интересира

Каспаров: Зеленски учествува во бесмислени преговори, жал ми е за него

Орпо: Не треба да се склучуваат договори за купување руски гас додека трае војната во Украина

Русија изврши масовен напад врз термоелектрана во Украина, запрено е производството на електрична енергија

Москва: Нашата победа е неизбежна

Горан Наумовски

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

Песков го критикува Брисел: Америка бара мир, додека Европа поттикнува војна