Влен: ДУИ е разочарана, пропадна планот да го поништат Законот за јазиците

Од:

ДУИ е разочарана бидејќи им пропадна планот да го поништат Законот за јазиците и со тоа да ја дестабилизираат државата. Планот на Али Ахмети и Бујар Османи, преку судии именувани од нив во Уставниот суд, да го загрозат Албанскиот јазик во Република Северна Македонија и да ја дестабилизираат земјата, пропадна пред да земе замав. Бујар Османи, како почетник во политиката и без кредибилитет, не успева да го сокрие своето разочарување, велат од Влен.

„ДУИ беше подготвена да го жртвува Албанскиот јазик само за една ниска цел: Да се врати на власт по секоја цена. Не грижете се: Албанскиот јазик не е предмет на преговори! ВЛЕН нема да дозволи ниту еден чекор назад во правата на Албанците! Лагите завршија. Две децении, ДУИ правеше работи половично, за пред очи на јавноста, манипулирајќи со албанската кауза за лични и партиски зделки. Следните локални избори веќе не се само избори. Тие се РЕФЕРЕНДУМ за албанскиот јазик, за еднаквоста на Албанците во оваа држава и за конечно ставање печат на ДУИ како партија Нон Грата и како “организација” на тесни лични интереси“, тврдат од Влен.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Пресудата против поранешните лидери на ОВК е неправедна и неприфатлива

Пресудата е неправедна и разочарувачка, Али Ахмети за пресудата за Тачи

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Горан Наумовски

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски

ВЛЕН: ДУИ да каже дали го негира Гзим Острени?

Горан Наумовски

ВЛЕН: Кој обвинител му нудел спогодба на Груби?