Бакингемска палата: Кралот и кралицата патуваат во Канада за прв пат по крунисувањето

Од:

Бакингемската палата објави дека кралот Чарлс и кралицата Камила ќе ја посетат Канада за прв пат по нивното крунисување.

„Кралот и кралицата ќе ја посетат Канада од понеделник, 26 мај, до вторник, 27 мај. Кралот, во придружба на кралицата, ќе присуствува на свеченото отворање на Парламентот на Канада во Отава“, објави Бакингемската палата, објави „Индипендент“.

Кралот Чарлс е шеф на државата Канада и ќе патува во земјата со својата сопруга, една недела откако Марк Карни, поранешниот гувернер на Националната банка на Канада, победи на изборите како кандидат на Либералната партија.

Посетата се совпаѓа со 10-тиот роденден на внуката на кралот, Шарлот.

Принцот и принцезата од Велс објавија нова слика на социјалните мрежи за да го одбележат настанот.

Објавена е слика од принцезата со опис: „Среќен 10-ти роденден принцезо Шарлот“, заедно со емотикон во форма на срце.

Како што беше претходно објавено, принцот Хари изјави дека „би сакал да се смири“ со кралското семејство откако ја изгуби правната битка за нивото на безбедност на кое има право во Велика Британија.

Принцот ја изгуби правната битка за обезбедување заштита за време на неговите идни посети на Велика Британија, која би ја платиле британските даночни обврзници, објави Танјуг.

Би можело да ве интересира

Кралот Чарлс е бесен поради потегот на Хари: Не го почитуваше принципот

Кралот Чарлс е хоспитализиран: Сите идни посети се откажани

Пендаровски на крунисувањето на британскиот крал Чарлс во Лондон

ВИДЕО: Пендаровски и оддаде последна почит на Кралицата Елизабета

Катерина Ѓуровски

Дел од македонските медиуми ја умреа Кралицата предвреме

Катерина Ѓуровски