Реакција на ВРЕДИ на изјава на Ахмети: Ни „улицата“ нема да го спаси

Од:

„Дваесет години на власт – никогаш на улица за народот, секогаш во тишина за правдата. Сега, кога системот што си го изгради за себе се руши, Али Ахмети плаче за „улицата“, оти му се лизга тронот од раце и лажицата од уста!“ реагираат од ВРЕДИ на изјава на лидерот на ДУИ – Али Ахмети во која порачува: Ако излезам на улица, враќање нема!.

„Каде беше, Али Ахмети, кога во времето на твоето владеење со Груевски, Албанците се гушеа по затвори? Кога на нивното име се лепеше етикетата „терорист“? Кога најдобрите момчиња беа убиени, затворени и исчезнувани? Каде беше кога се измислуваше Монструм, кога Сопот беше обвинет за тероризам, кога во Бродец се пролеа албанска крв, кога во Диво Насеље беа искористени за валкани политички сценарија?“ прашуваат од ВРЕДИ.

Порачуваат „Никогаш не излезе на улица за својот народ. Не прозборе за другарите од идеалот. Не побара правда за жртвите. Но денес, кога се загрозени роднините и другарите од тендерите и милионите – одеднаш ти текна на улицата?! ДУИ зборува за „улицата како решение“? Па кој закануваше со „чизмите на таван“? Кој, по наредба на СДСМ, апсеше невини Албанци на улица само затоа што ја бранеа вистината за модуларната болница во Тетово?“.

Од коалицијата велат „Денес, ДУИ се обидува да се претстави како жртва – ама единственото нешто што навистина ги плаши е правдата и гласовите на народот! Тие знаат дека на избори ги чека катастрофа. Затоа шират страв. Затоа повикуваат на бојкот. Но нема веќе враќање назад! Народот се разбуди. И овој пат – ни „улицата“ нема да го спаси Али Ахмети!“.

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ е разочарана, пропадна планот да го поништат Законот за јазиците

Горан Наумовски

Ахмети: Го цениме потегот на Таравари, тој брзо сфати тека оваа влада е антиалбанска

ВРЕДИ: 2. мај историски датум, прогласена Слободна зона во Слупчане по конфликтот во 2001

ВРЕДИ: Барањето на ДУИ за предвремени избори има ист ефект со “гурабиите и кексите“ кои ги делеше Ахмети во кампањата

Села: Нема ништо лошо во средбите на Ахмети со Таравари, целиот албански политички фактор треба да се обедини

ВРЕДИ: Во октомври победуваме секаде