Оружен инцидент во Шведска, неколку лица се повредени

Од:

Неколку лица се повредени во пукотница што се случи попладнево во центарот на шведскиот град Упсала, а во моментов во тек е полициска операција во тој град, јавуваат шведските медиуми.

Полицијата опколи голема површина во близина на плоштадот Ваксала откако неколку луѓе пријавија дека слушнале истрели во областа.

„Бараме повредени лица во областа откако добивме информации од очевидци дека слушнале експлозии во областа“, изјави портпаролот на полицијата Магнус Кларин, истакнувајќи дека во овој момент полицијата не може да даде дополнителни детали за инцидентот, пренесува СВТ.

Шведската јавна служба објави дека еден од очевидците рекол дека слушнал пет истрели и видел луѓе како трчаат во различни насоки.

Би можело да ве интересира

Докторот Шаини кој вчера беше ранет во центарот на Куманово е пуштен на домашно лекување

СДСМ бара оставка од Тошковски, вооружените инциденти покажуваат распад на безбедносниот систем

Горан Наумовски

ДУИ го осуди инцидентот во Куманово, бара МВР и Обвинителството да ги идентификува сторителите

Обвинителството за пукањето во Куманово: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент

Горан Наумовски

Во Куманово е ранет кандидатот за советник во Липково, Зекирија Шахини

Горан Наумовски

Пукање кај зградата на општина Куманово, еден повреден