СДСМ: И според Светска банка, Македонија ќе биде на дното во регионот по економски раст

Од:

Погрешните економски политики на Владата на Мицкоски веќе ги даваат првите горки плодови, Македонија според проекциите на Светска банка ќе биде на дното во регионот по економски раст, со проектирани само 2,7% раст на БДП оваа година. Ако се пресмета инфлацијата од над 3%, раст воопшто нема, односно економијата е во стагнација. Ова е она што СДСМ го предупредува уште од првиот ден, Мицкоски и Владата се економски некомпетентни, велат од СДСМ.

„Откако успеаја да ги пресечат лентите на сите инвестиции на СДСМ, да се накитат со туѓи перја, сега нема ништо од нивната работа. Инвестициите си заминуваат, бројот на вработени во овие компании се намалува, а Владата единствено се шета на скапи патувања по светот без никаков ефект.

Трагедијата е што во ваква безизлезна ситуација, Владата нема никакво чувство на одговорност ниту кон граѓаните, па е решена да ги држи платите ниско, цените да растат неконтролирано и граѓаните да живеат сѐ потешко. Сумарниот ефект од овие погрешни политики во секој сегмент од економијата е евидентен: економска стагнација, урнисување на стандардот на граѓаните и бесперспективност“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Светската банка ја намали прогнозата за глобалниот раст во 2026 година на 2,5 проценти

А1он

СДСМ: Мицкоски го спаси Трипуновски, а земјоделците ги остави на цедило

(ВИДЕО) Милевски: Каде е Лукровски, зошто не им соопштува на граѓаните, зошто не поднесува оставка и официјално?

Горан Наумовски

Земјоделците оставени без поддршка, СДСМ бара одговорност од Трипуновски

Горан Наумовски

Поповиќ: Лажен патриотизам на Мицкоски, лажни анкети, а набргу и лажен леб

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Брисел бара измени на Законот за судски совет

Горан Наумовски