Трамп ублажува некои царини за автомобили

Од:

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ќе го намали влијанието на царините за автомобили со олеснување на давачките за увозните делови што влегуваат во автомобилите произведени во САД и задржувајќи ги тарифите за странските автомобили, изјавија официјални лица.

„Претседателот Трамп гради партнерства и со домашните автомобилски компании и со нашите вредни американски работници“, рече во изјавата министерот за трговија Хауард Лутник.

„Овој договор е голема победа за трговската политика на претседателот бидејќи ги наградува компаниите што произведуваат во Соединетите држави, а истовремено им дава простор на производителите кои ветија дека ќе инвестираат во Америка и ќе го прошират производството.

Автомобилските компании претходно во понеделникот објавија дека очекуваат Трамп да им помогне пред неговото патување во Мичиген, од каде што се три големи производители и повеќе од илјада подизведувачи.

Нивните здруженија го повикаа минатата недела да не воведува царини од 25 отсто за увозните автоделови, бидејќи тоа може да ја намали продажбата и да ги зголеми цените. Трамп претходно рече дека ќе ги воведе овие тарифи до 3 мај.

Писмото, испратено од групи кои ги претставуваат Џенерал Моторс, Тојота Мотор, Фолксваген, Хјундаи и други, беше испратено до Лутник и до секретарот за финансии Скот Бесент.

„Повеќето добавувачи немаат доволно капитал за да се справат со нарушувањата на царината. Многумина веќе се во неволја и се соочуваат со прекини во производството“, се вели во писмото, додавајќи дека „колапсот на еден може да запре цела автомобилска производна линија“.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ќе биде тешко да се постигне договор за ограничување на нуклеарното вооружување

Трамп од авионот им се јавил на европските лидери и им испратил остра порака: „Путин е сериозен за мирот“

Трамп го забележа портпаролот на Путин и му упати неочекуван комплимент: „Одлично си ја вршите работата“

Предраг Петровиќ

Трамп, Путин и Си испратија заедничка порака до судот што бара апсење на рускиот претседател

Поранешен британски министер: Самитот потврди дека Америка повеќе не е предводник на слободниот свет

Зеленски: Трамп и Си можат да го принудат Путин да ја заврши војната