Рубио: Оваа недела е одлучувачка

Од:

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека оваа недела ќе биде „многу критична“ за мировните преговори меѓу Русија и Украина и дека Вашингтон ќе одлучи дали сака да продолжи да биде вклучен во тој процес.

„Постојат причини за оптимизам, но исто така и причини за реализам. Блиску сме, но не доволно блиску“, изјави Рубио за NBC.

Тој додаде дека воведувањето нови санкции против Русија во оваа фаза би значело напуштање на обидите за дипломатско решение.

Изјавите на Рубио доаѓаат по кратката средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Ватикан, пред погребот на папата Франциск.

Во неделата, Трамп изјави дека верува оти Зеленски е подготвен да се согласи да го предаде Крим на Русија како дел од мировниот договор, иако Киев претходно ги отфрли таквите предлози.

Трамп напиша на „Truth Social“ дека се прашува дали рускиот претседател Владимир Путин воопшто сака да ја запре војната, предупредувајќи на можноста за воведување нови „банкарски“ или „секундарни“ санкции.

Би можело да ве интересира

Руски МиГ-41 надвор од дофатот, ги надминува границите на самата физика

Ројтерс: Балтичките држави подготвуваат план во случај луѓето да бегаат од руските напади

Трамп: САД може да воведат дополнителни санкции против Русија

Москва останува без гориво

Шоф: Немаме докази, но мислиме дека Русите ги испратиле беспилотните летала

Словачка нема да испраќа воена помош во Киев