Левица: Наместо помош за настраданите во Кочани, Владата дала 23 милиони денари за да си го измери рејтингот

Од:

Левица најостро го осудува безобразието и лицемерието на Владата која во најтешките моменти ги излажа семејствата на настраданите во пожарот во Кочани!
Од страна на директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица ТОМОВСКИ, и портпаролката на Владата, Марија МИТЕВА, беше најавено дека ќе биде доделена итна финансиска помош од 150.000 денари за секое семејство со жртва од трагедијата, но и по месец дена, семејствата немаат добиено ниту денар од Владата! Наместо помош за фамилиите, Владата три дена по најцрната трагедија, склучила договор за мерење на сопствениот и рејтингот на Мицкоски, во висина од 22.857.964 денари од народниот буџет, велат од Левица.

„Еден месец по соопштувањето на итната помош, платформата „Отворени финасии“ и семејствата на младите жртви потврдуваат дека Владата нема дадено никаква симболична поддршка – ниту директно од Владата, ниту преку Црвен крст! Ова значи дека семејствата на настраданите и повредените примиле и примаат донации само од граѓаните.

Додека хероите што спасуваа животи се заборавени и оставени без никакво признание, полициските службеници кои на кобната ноќ не укажале помош, иако се должни согласно Закон – останаа несанкционирани. Болниците колабираа под товарот на трагедијата, чекајќи донации дури и за најосновни медицински материјали, а државата остана нем набљудувач. И очигледно, Владата нема ниту намера да инвестира во здравствените установи – оставајќи ги граѓаните препуштени на милост и немилост на импровизираниот систем.

Не се работи за недостиг на средства и скромен Буџет, туку за свесен избор на Владата да ги троши парите за луксузи: за набавка на папаја и аспарагус за владините функционери, за приватни авиони и наштимани анкети за мерење на рејтинзи, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Крмов: Премиере, ќе ја раскинете ли нелегалната концесија за Блатешница по 13 продолжени рокови?

Левица: ​​​​​​​Влада со полна уста демографија, а без пари за породилно – и оваа исплата доцни

Катерина Ѓуровски

Мојсоска со иницијатива за итен инспекциски надзор во Струга

Одобрени се обвиненијата против 13 полициски службеници за пожарот во Кочани и за злоупотреби со ИПАРД

Левица: Нов скандал во ЕСМ – фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола

Тринаесет полициски службеници ќе одговараат за пожарот во Кочани