Европа ја гради иднината со минерали, Македонија ја кочи еко-популизамот

Од:

Додека Европската Унија јасно ја препознава важноста на минералните суровини и работи на стратегија за сопствено снабдување, Македонија останува заробена во дебати поттикнати од таканаречени еколошки организации.

„Ако Европската унија има јасна стратегија за искористување на своите минерални ресурси, зошто ние би останале заробени во лажни еколошки наративи кои ни го кочат развојот?“, прашува авторот на колумната „Европа и развој или еко популизам“, Виктор Грозданов.

Европа до 2030 година планира најмалку 10% од клучните суровини да се ископуваат дома, а Македонија, богата со бакар и други минерали, сè уште дозволува политички мотивирани екологисти да го забавуваат економскиот развој.

Грозданов предупредува дека радикалните барања на дел од еколошките групи може да доведат до затворање на значајни рударски и енергетски проекти, со последици како зголемена невработеност и индустриска стагнација.

Би можело да ве интересира

Грозданов: Без бакар нема зелена транзиција, науката мора да биде водилка

Грозданов: Рударството не смее да биде ничија приватна игра

Вашингтон со нова инвестиција за намалување на зависноста од увоз на минерали

Договор за минерали на повидок: ЕУ стравува дека САД ќе ја преземат водечката улога

Критичните минерали во фокус на Советот за безбедност на ООН

Грозданов: „Апсолутно ДА“ за животната средина, но и за индустријализација

А1он