Левица: Месец дена од трагедијата во Кочани – Владата без никаков реформски закон

Од:

Иако измина повеќе од месец дена од ужасната трагедија во Кочани, на повидок не се никакви системски реформи од страна на владата на Мицкоски, иако тоа беше помпезно најавувано! Освен измени на законските одредби за употреба на пиротехника во затворен простор, безидејната влада нема иницирано никакви законски измени за отстранување на сите системски аномалии, поради кои дојде до трагичниот пожар во дискотеката „Пулс”, велат од Левица.

„Иако премиерот Мицкоски најавуваше законски измени за заострување на условите за добивање лиценца, до Собранието не е поднесено никаков предлог-закон. Токму Мицкоски тврдеше дека со измени од 2007 година на Законот за угостителска дејност, Пазарниот инспекторат не бил законски обврзан да ја провери веродсотојноста на лиценците.Премиерот уште на 18 март најави дека е формирана работна група за да ги подготви измените на Законот за угостителска дејност, но поради инертноста на Владата, дискотеките и понатаму функционираат според старите и лоши законски решенија.

Понатаму, нема никаква најава за реформа на безбедносниот систем и функционирањето на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Центарот за управување со кризи (ЦУК), чија нефункционалност излезе на површина после трагедијата во Кочани. Уште пред 3 месеци Тошковски најавуваше измени на 19 системски закони, но и после трагедијата во Кочани, никакви законски измени за подобрување на безбедносниот систем не се доставени до Собранието.

Ја потсетуваме јавноста дека владејачкото мнозинство одби да гласа за кривична одговорност на судиите, ставајќи се во заштита на корумпираниот правосуден систем поради кои Македонија е обвиена во трагедии. Додека власта на ДПМНЕ е окупирана со јавен линч и демонизирања на секој што ќе изнесе критика против нејзиното работење, Левица поднесува измени на Кривичниот законик за воведување незастарливост на кривични дела сторени од службени лица. Бидејќи владата предводена од Мицкоски е безидејна и нема политичка волја да иницира системски реформи на законите, ги повикуваме да ги поддржат измените на Кривичниот законик кои ги предлага Левица, наместо да ги штитат криминалите на своите функционери на кои им застареа делата“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Исмаил до Тошковски: Кој е крив за бегството на Ива Михаилова?

А1он

Левица издејствува повлекување на спорните измени за еколошките жешки точки од законот за животна средина

Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече!

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ – надворешно сметководство и покрај сопствен финансиски оддел

Левица: Со бегството на Михаилова во Бугарија, Тошковски го дотера безбедносниот систем до дно – што ли договори Муцунски во Софија?