ВРЕДИ: Во октомври победуваме секаде

Од:

Откако 20 години крадеа, измамуваа и уништуваа секоја албанска надеж, сега без срам излегуваат и бараат граѓаните да им дадат уште една шанса. Оние кои со децении ја користеа моќта за лични интереси, денес, фрустрирани и разоткриени пред граѓаните, бараат да се вратат на старите времиња на заробување и уцена, велат од коалциијата ВРЕДИ.

– ДУИ, која секоја институција ја претвори во партиска гранка, која ги омаловажуваше интелектуалците, која ги предаваше правата на Албанците на ниски адути за преговарање, денес се плаши од правда. ВРЕДИ е одговорот на Албанците на оваа скапана политика. ВРЕДИ е на власт за да ја спроведе промената за која Албанците гласно бараат и нема да застане сè додека секој Албанец не се почувствува слободен, рамноправен и достоинствен во својата земја Во октомври, на локалните избори, ВЛЕН ќе победи во сите албански општини! ВРЕДИ во секоја општина, во секоја институција, со чисти раце и чисто лице пред граѓаните. Времето на ДУИ заврши! Ветерот на промените започна и никој не може да го запре, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

Би можело да ве интересира

Потресот во ВРЕДИ засега не е пренесен во Собранието

СДСМ: Целиот систем се распаѓа додека ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН меѓусебно се расправаат

Не е време за емотивни реакции, за нашето место во Владата решава Мицкоски, порача Таравари

Катерина Ѓуровски

Партијата „Вреди“ ќе има претседателство од 23 члена

Катерина Ѓуровски

Алијанса на Таравари решава за локалните избори

ВРЕДИ: Коцевски е предлог на Груби и на Лога