ВИДЕО: Објавена снимка од самиот почеток на огромна експлозија во иранско пристаниште

Од:

Првите моменти од пожарот што доведе до огромна експлозија во иранското пристаниште во градот Бандар Абас на југот од земјата беа објавени на социјалните мрежи.

На објавеното видео може да се види силен пламен и портокалов чад и луѓе како бегаат, по што следува силна експлозија.

Во експлозијата беа повредени повеќе од 500 луѓе, а според првите податоци објавени од Иранската црвена полумесечина, загинаа најмалку четири лица.

Државната телевизија објави дека „небрежноста при ракување со запаливи материјали била фактор што придонел“ за експлозијата.

Нафтените постројки не беа погодени од експлозијата, а Националната иранска компанија за рафинирање и дистрибуција на нафта издаде соопштение во кое се вели: „Експлозијата и пожарот во пристаништето Шахид Раџаи немаат никаква врска со рафинериите, резервоарите за гориво, дистрибутивните комплекси и нафтоводите поврзани со оваа компанија“.

Израелските медиуми објавија, повикувајќи се на воени извори, дека оваа земја не била вклучена во експлозијата, која се случила во време на значителни тензии.

Пристаништето Шахид Раџаи е голем ирански контејнерски терминал кој годишно обработува 80 милиони тони стока, а исто така опслужува и танкери за гориво и рафинерии.

Би можело да ве интересира

Која е актерката поради која Емануел Макрон наводно беше удрен од Брижит Макрон

Предраг Петровиќ

Тревога во Киев: Резиденцијата на Зеленски и уште 20 клучни цели се цел на напад

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

„Ништо од Кина не е дозволено во авионот“: Американската делегација ги фрли сите предмети што им ги дале кинеските функционери

Предраг Петровиќ

ФБИ нуди 200.000 долари за поранешна агентка: „На Иран му ја откри нашата тајна програма“

Гарибабади: Абу Даби го „предаде“ Техеран

Горан Наумовски